Во Македонија моментално околу 30.000 луѓе имаат забрана да отвораат било какви фирми или дуќани, поради тоа што ниту со постоечките не раководат како што треба. Александар Поповски, долгогодишен раководител на правниот сектор во Министерството за економија на Македонија во разговорот за Новости" истакнува дека регистарот на лица на кои им е забрането да бидат основачи или да управуваат со акционерски друштва го унапредил многу деловниот амбиент во земјата. Овој регистар во Македонија постои од 2011 година и во него се наоѓаат околу 30.000 сопственици и раководители во 10.000 до 15.000 фирми, вели Поповски. Тоа претставува околу 20 отсто од сите регистрирани стопански субјекти. Во Регистарот се евидентирани судски забрани на раководителите на претпријатијата, нешто поради направени прекршоци, некогаш поради кривични дела кои резултирале со забрана за основање и управување со фирмата. Но, таквите лица во овој регистар ги нема во голем број. Најмногу ги има оние чии претпријатија имаат блокирани сметки.
Во Македонија моментално околу 30.000 луѓе имаат забрана да отвораат било какви фирми или дуќани, поради тоа што ниту со постоечките не раководат како што треба.
Александар Поповски, долгогодишен раководител на правниот сектор во Министерството за економија на Македонија во разговорот за Новости" истакнува дека регистарот на лица на кои им е забрането да бидат основачи или да управуваат со акционерски друштва го унапредил многу деловниот амбиент во земјата.
- Овој регистар во Македонија постои од 2011 година и во него се наоѓаат околу 30.000 сопственици и раководители во 10.000 до 15.000 фирми - вели Поповски.
- Тоа претставува околу 20 отсто од сите регистрирани стопански субјекти. Во Регистарот се евидентирани судски забрани на раководителите на претпријатијата, нешто поради направени прекршоци, некогаш поради кривични дела кои резултирале со забрана за основање и управување со фирмата. Но, таквите лица во овој регистар ги нема во голем број. Најмногу ги има оние чии претпријатија имаат блокирани сметки.
Оваа листа на лоши управувачи и сопственици не е јавно достапна, но механизмот на македонскиот Централен регистар е така воспоставен што на нив автоматски им се забранува да отвораат било каква нова фирма или да се поставуваат во надзорни, управни одбори или раководни места.